Берово: Усвоена Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово, за 2025 година

објавено во Општински вести | 0
Со 14 гласа ЗА и еден воздржан од гласање, денеска е усвоена Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово за 2025 година.

Со овој документ, се дава целосен преглед на реализираните приходи и расходи, во текот на изминатата буџетска година, како и финансиското работење на општината.

Завршната сметка претставува годишен финансиски извештај, преку кој се прикажува степенот на реализација на планираните средства и начинот на нивната распределба, по програми и активности.

Завршната сметка на Буџетот на Општина Берово, за 2025 година,  е достапна на следниот линк:

ЗАВРШНА СМЕТКА на Буџетот на Општина Берово за 2025 година

Со неа се овозможува транспарентен увид во трошењето на буџетските средства и се оценува успешноста во спроведувањето на општинските политики и проекти.

Со донесување на Завршната сметка,  официјално  се заокружува финансиското работење на Општина Берово, за 2025 година.

Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.

Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)

Телефон / Факс:+389 33/471-057

Е-пошта[email protected]


Извор: Општина Берово