Берово: РСБСП со превентивно-едукативни активности за одговорно однесување во сообраќајот

објавено во Општински вести | 0
Во текот на изминатиот викенд, воБерово, беше реализирана координирана превентивно-едукативна активност, од страна наРепублички совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, во соработка со Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата – Берово, како и со СВР и ОВР Берово.

Активноста беше спроведена со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и подигнување на јавната свест за ризиците од неодговорно однесување на патиштата. Истата се реализираше под слоганот „Вози безбедно, вози со љубов – Секој живот е важен“, при што преку непосредна комуникација со возачите, беа упатени апели за одговорно и совесно учество во сообраќајот.

Во рамки на активноста беа дистрибуирани едукативни флаери, со пораки за да не се  консумира алкохол пред управување со моторно возило, како и за доследно почитување на сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на безбедноста и заштита на човечките животи.

„Возете одговорно – затоа што секој живот е важен“ и „Ако пиеш, не вози, ако возиш, не пиј – затоа што секој живот е важен“,  беа пораките што заеднички ги упатија надлежните институции, нагласувајќи дека безбедноста во сообраќајот,  е заедничка одговорност на сите учесници.

Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.

Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово

Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)

Телефон / Факс:+389 33/471-057

Е-пошта[email protected]


Извор: Општина Берово