Присутните ги поздрави Градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој упати искрена благодарност до Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, како и до Европската Унија, кои преку програмата ReLOaD3 овозможуваат јакнење на капацитетите на граѓанскиот сектор во Берово и создаваат реални можности за имплементација на значајни проекти во нашата општина.
Денешната инфо сесија, претставува можност за појаснување на сите аспекти поврзани со јавниот повик, со цел подготовка на квалитетни, одржливи и реални проектни апликации.
За сите дополнителни прашања, можност за појаснување, како и менторска подршка при подготовка на апликациите, согласно ЛОД методологијата, граѓанските организации ќе имаат и во текот на утрешниот ден.
Преку заедничка работа создаваме проекти, кои ќе донесат конкретни и видливи придобивки за нашите сограѓани.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово