Манифестацијата ја отвори градоначалникот на Општина Берово, Петар Ружински, кој во своето обраќање истакна дека овие игри не претставуваат само спортски натпревари, туку симбол на единство, колегијалност и взаемна поддршка. Тој нагласи дека токму на спортските терени, се потврдува значењето на тимската работа, која е подеднакво важна и во институциите и во компаниите, како и во секојдневниот живот.
,,Дисциплината, истрајноста и посветеноста што ќе ги покажете денесka, се вредности што нe прават посилни како поединци, но и како заедница“, истакна градоначалникот, посакувајќи им успешни и фер натпревари на сите учесници.
Работничките спортски игри претставуваат можност за дружење, размена на искуства и градење нови партнерства меѓу учесниците, со заедничка цел – создавање здрава, активна и сплотена заедница. Спортот, како што беше нагласено, учи на фер-игра, почит кон противникот и искрена радост за секој постигнат успех.
Во првото коло се одиграа следните натпревари:
АРСМ – Фагус и Национални шуми Пехчево
Општина Берово и Здравствен дом – Приватни фирми и угостители
Труд и социјала – Роми
Работничките спортски игри продолжуваат и во наредните денови, носејќи спортски дух, позитивна енергија и дружење меѓу сите учесници и посетители.
Добредојдовте на официјалната интернет страница наОпштина Берово.
Адреса:Ул. „Димитар Влахов“ бр.10, 2330 Берово
Работно време:Понеделник – Петок: 07:30 – 15:30 часот(Пауза од 10:00 до 10:30 часот)
Телефон / Факс:+389 33/471-057
Е-пошта[email protected]
Извор: Општина Берово