Арачиново: Веднаш по појавата на тешки атмосферски услови, беа активирани надлежните екипи за континуиран мониторинг на состојбата.

објавено во Општински вести | 0
Арачиново: Веднаш по појавата на тешки атмосферски услови, беа активирани надлежните екипи за континуиран мониторинг на состојбата.

Веднаш по влошувањето на временските услови, Градоначалникот на Општината, г. Даут Беќири, излезе на терен и ги активираше соодветните служби, при што се врши посипување на сол и песок на коловозите со цел обезбедување побезбедно одвивање на сообраќајот.

Состојбата внимателно се следи и интервенциите продолжуваат таму каде што има потреба. Безбедноста на граѓаните е и останува апсолутен приоритет.

Градоначалникот упатува апел до граѓаните за максимална внимателност, особено во подрачјата со појава на мраз, со прилагодување на брзината на движење и почитување на препораките на надлежните институции.

Општината останува во целосна подготвеност и ќе продолжи со континуиран мониторинг на состојбата.


Извор: Општина Арачиново