Аеродром: 48. ТРАДИЦИОНАЛЕН ИЛИНДЕНСКИ КОЊИЧКИ МАРШ – КОЊАНИЦИТЕ ПОВТОРНО ТРГНУВААТ ОД ГОРНО ЛИСИЧЕ КОН КРУШЕВО

објавено во Општински вести | 0
Општина Аеродром ги поканува граѓаните да присуствуваат на свеченото испраќање на учесниците на
48. Традиционален Илинденски коњички марш
, што ќе се одржи во пресрет на одбележувањето на големиот државен празник –
2 Август, Илинден
во организација на Здружението на граѓани „Илинденски марш 1978“.
На
27 јули (понеделник)
, со почеток во
18:00 часот
, од дворот на црквата
„Св. Петар и Павле“
во Горно Лисиче, околу
40 коњаници
, меѓу кои и
пет девојки
, ќе тргнат кон Крушево, продолжувајќи ја речиси петдецениската традиција посветена на чествувањето на Илинден и на македонските херои.
На
31 јули
, коњаниците од Горно Лисиче ќе се обединат со учесниците од Свети Николе, Кичево и Битола, испраќајќи силна порака за единство, почитување на традицијата и зачувување на македонското историско наследство.
Општина Аеродром упатува покана до сите граѓани да бидат дел од свеченото испраќање и заедно да им оддадеме почит на илинденците, чија жртва и идеали и денес претставуваат симбол на слободата, единството и државноста на Македонија.
16.7.2026 година
Општина Аеродром


Извор: Општина Аеродром