Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, и министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во ООУ „Љубен Лапе“ присуствуваше на промоцијата на дел од новоиспечатените учебници за наредната 2026/2027 учебна година.
Од септември, учениците од прво до трето одделение ќе ја започнат новата учебна година со целосно новоиспечатени и бесплатни учебници, како и обновени учебници за другите одделенија. Ова претставува значајна поддршка за образовниот процес, како и за семејствата.
Во основните училишта во Општина Аеродром учат над 7.000 ученици. Грижата за нивното образование и развој е приоритет, поради што Општината континуирано вложува во подобри услови, современа настава и поквалитетна иднина за секое дете.
Општина Аеродром и оваа година продолжува со мерките за поддршка на учениците и нивните семејства, обезбедувајќи бесплатна училишна униформа за секој ученик, еднократна парична помош од 3.500 денари за секое прваче, како и таблет за секој ученик во четврто одделение.
Паралелно, Општината инвестира во подобрување на условите во училиштата преку реализација на бројни инфраструктурни и капитални проекти, со цел учениците да учат во современи, безбедни и квалитетни услови.
23.6.2026 година
Општина Аеродром

Извор: Општина Аеродром