Аеродром: МОДЕРНО И ПАМЕТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН АЕРОДРОМ

објавено во Општински вести | 0
Аеродром: МОДЕРНО И ПАМЕТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ ЗА ПОБЕЗБЕДЕН АЕРОДРОМ

Општина Аеродром започнува постапка за воспоставување јавно-приватно партнерство за реализација на проектот „Модернизација на јавното осветлување“ – значаен чекор кон современа, енергетски ефикасна и безбедна општина.
Оваа одлука беше изгласана денеска на седницата на Советот на Општина Аеродром.
Со овој проект ќе се воведе нов, модернизиран систем на јавно осветлување со примена на современи технологии за автоматизација, управување и поставување штедливи светилки што ќе овозможи подобро осветлени улици, поголема безбедност и значителна енергетска ефикасност.
Преку моделот на јавно-приватно партнерство, приватниот партнер ќе ја преземе обврската за финансирање, управување и одржување на системот, како и трошоците за електрична енергија во одреден период, што претставува одговорен и одржлив пристап кон модернизацијата на инфраструктурата.
Оваа инвестиција значи:
помала потрошувачка на електрична енергија
современ систем за контрола и автоматизација
поквалитетно и поефикасно јавно осветлување
поголема безбедност за граѓаните
модерна и зелена урбана средина
Постапката ќе се реализира транспарентно и согласно со законските процедури, преку отворена постапка, со цел избор на најповолно решение за граѓаните на Општина Аеродром.
Продолжуваме со проекти што носат модернизација, ефикасност и подобри услови за живот во секој дел од Аеродром.
7.5.2026
Општина Аеродром


Извор: Општина Аеродром