Аеродром: КАЗНА ОД 20 000 ЕВРА ЗА НЕЗАКОНСКО ФРЛАЊЕ ОТПАД – НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА

објавено во Општински вести | 0
Аеродром: КАЗНА ОД 20 000 ЕВРА ЗА НЕЗАКОНСКО ФРЛАЊЕ ОТПАД – НЕМА ТОЛЕРАНЦИЈА

При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана Купишта, затекнат е камион што незаконски депонирал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад.
Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно со член 130 од Законот.
За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност.
Општина Аеродром продолжува со засилени инспекциски контроли и нема да дозволи уништување на животната средина, загадување и создавање диви депонии на територијата на општината.
Апелираме до сите граѓани и компании совесно да постапуваат со отпадот и да ги почитуваат законските прописи. За секое несовесно однесување ќе следуваат санкции.
11.5.2026 година
Општина Аеродром


Извор: Општина Аеродром