Аеродром: ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ ВО ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ – ЛЕТНИОТ РАСПУСТ ГО КОРИСТИМЕ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ

објавено во Општински вести | 0
Аеродром: ГРАДЕЖНИ ЗАФАТИ ВО ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ – ЛЕТНИОТ РАСПУСТ ГО КОРИСТИМЕ ЗА ПОДОБРИ УСЛОВИ

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска го посети ООУ „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, каде што во тек се градежни активности за побезбедна, пофункционална и помодерна училишна средина. Се демонтираат застарените дрвени панели од ѕидовите во ходниците, со што училиштето добива посовремен изглед и се подобрува безбедноста на просторот.
Истовремено, се прошируваат училниците за да им се овозможат подобри услови за настава на учениците и наставниот кадар.
За првпат се уредува и современ кабинет по информатика и технологија, што ќе им овозможи на учениците да стекнуваат знаења во услови што ги следат современите образовни стандарди. Исто така, целосно се модернизира и обезбедува влезот во училишната кујна.
Образованието останува еден од нашите најважни приоритети. Продолжуваме да инвестираме во училиштата, затоа што секое дете заслужува безбедно, современо и инспиративно место за учење.
21.7.2026 година
Општина Аеродром


Извор: Општина Аеродром