Јавен оглас за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектините активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на Цивика Мобилитас, распишува оглас за ангажирање на консултант/консултантска компанија за изработка на пет акциски планови за Единиците за локална самоуправа со цел поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.

Општи информации

Општата цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во донесувањето одлуки од областа на животната средина на локално ниво. Понатаму, да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животна средина со цел поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво.

Специфичната цел на проектот е да придонесе кон подобрена соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на полето на донесување одлуки од областа на животна средина. Подобрената соработка меѓу самите граѓански организации и помеѓу граѓанските организации и властите значително ќе се одрази на начинот на решавање и пристапот кон проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните, кои индиректно придонесуваат за општествени промени.

Опис на задачата

Во рамките на проектот ќе бидат одбрани пет општини за кои ќе биде изготвен по 1 акциски план за вклучување на јавноста. Плановите треба да бидат изготвени за период од 3 години и треба да вклучуваат директни акции за вклучување на јавноста (граѓанските организации (ГО), стручната јавност, засегнати и релеватни страни). Содржината на предлог акциските планови ќе биде изработена во соработка со ГО кои се активни во избраната општина/регион, самите општините и ЦКП.

Во избраните општини во првата година од акцискиот план ќе биде реализирана една заедничка активност. Заедничката активност ќе се однесува на организирање на заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем/или промоција на одржлив развој (промовирање на рурален и еко туризам, промовирање на органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт, акции за штедење енергија, зголемено искористување на ОИЕ и сл.). Темата за која ќе се организира заедничката активност ќе биде одредена во зависност од потребите и можностите на секоја општина.

Задачи кои се очекува да ги исполни консултантот/консултанската компанија:

  1.  Да изврши преглед на достапните документи од областа на животната средина расположиви во општините
  2. Да изработи прашалник за собирања на релевантни податоци од општините со цел изработка на акциските планови
  3. Да одржи најмалку по еден состанок со избраните општини
  4. При изработката на акциските планови да е во редовна комуникација со општините, ЦКП и ГО
  5. Да изработи драфт верзија на петте акциски планови за вклучување на јавноста и истите да ги достави до општините, ЦКП и ГО со цел прибирање на коментари и забелешки
  6. Да изработи финална верзија на петте акциски планови вклучувајќи ги забелешките и коментарите добиени од страна на општините и ЦКП
  7. За секој акциски план да изработи Power Point презентација
  8. Да достави една печатена копија од секој акциски план
  9. Да достави една ЦД копија од секој акциски план

Потребни квалификации на консултантот/консултантската компанија:

  1. Лицето/ата кои ќе бидат назначени за работата да имаат завршено високо образование од областа на општествените или техничките науки
  2. Најмалку 3 години работно искуство во областа на животната средина
  3. Претходно искуство во изработка на акциски планови
  4. Добри комуникациски вештини

Времетраење на ангажманот:

Времетраењето на ангажманот е 6 месеци од денот на склучувањето на договорот.

Начин на пријавување:

Сите заитересирани кандидати потребно е да испратат:

  • – Кратка биографија/ CV со кои се потврдува бараното искуство
  • – Техничка понуда, која ќе вклучува методологија/пристап на работа и
  • – Финансиска понуда

најдоцна до 17.02.2017 година на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipomeni@yahoo.com со назнака за „Јавен оглас за ангажирање консултант/консултантска компанија“

 

Финансиски надомест:

Финансискиот надомест е мах. 150.000,00 денари (Бруто износ)