На 29 мај 2016 година, во Градскиот Парк во Скопје на местото таканаречено „Школка“ ќе се одржи голем Еко хепенинг под мотото „Играј, пеј и рециклирај Е – отпад„. Настанот е организиран од страна на Центар за климатски промени во соработка со Елколект ДОО Скопје.
„Играј, пеј и рециклирај Е – отпад„ е еко хепенинг кој се реализира по повод завршување на проектот „Е – отпад создава можности“ кој е финансиран од Американската Амбасада во Скопје. За таа цел Ве покануваме да ни се приклучите на овој настан и заедно да допринесеме за почиста животна средина!
Во проектот беа вклучени 15 училишта од цела Македонија, а главната цел беше подигнување на јавната свест за правилно постапување со електричниот и електронскиот отпад (Е-отпад). Преку проектот за сите училишта беа обезбедени еко-контејнери за собирање на Е-отпад. Исто така беа организирани повеќе активности за учениците од прво до деветто одделение како што се: оддржување на едукативни презентации, креативни работилници, истражувања и квиз на знаење на тема Е-отпад. Воедно со започнувањето на проектот започна и натпревар во собирање на Е-отпад, чиишто награди за прво, второ и трето место за најголема соберена количина на електричен и електронски отпад ќе се додели на самиот настан.
Настанот ќе изобилува со богата музичка и едукативна програма подготвена од самите ученици од основните училишта кои беа вклучени во проектот „Е – отпад создава можности“.
Свој придонес за одржување на овој настан дадоа и Пивара Скопје, Кожувчанка, Горска Вода и Мак Прогрес Виница, кои со своите производи ќе не освежуваат на денот на настанот.
Ве очекуваме !