By Published On: 17 септември 2026Categories: АКТИВНОСТИ

Центарот за климатски промени, заедно со партнерските организации, ја информира јавноста дека е воспоставено Регионалното партнерство за активно следење на Зелената агенда за Западен Балкан (ЗАЗБ) на локално ниво и надминување на предизвиците во областа на животната средина.

Мрежата претставува неформална, доброволна и координирана партнерска платформа која има за цел да воспостави континуиран и систематски механизам за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално и регионално ниво.

Преку заедничка работа, размена на информации, анализа на податоци и институционална соработка, Мрежата ќе придонесува кон:

  • следење и анализа на политиките, мерките и активностите од областа на животната средина;
  • идентификување на предизвиците и ризиците во спроведувањето на Зелената агенда;
  • подобрување на соработката меѓу граѓанските организации, локалните власти и националните институции;
  • изработка на годишни и тематски извештаи, анализи и стратешки документи;
  • формулирање аргументирани и применливи препораки за надлежните институции;
  • унапредување на транспарентноста, отчетноста и одлучувањето засновано на докази.

Области на делување

Работата на Мрежата опфаќа повеќе меѓусебно поврзани области, меѓу кои:

  • климатска акција и енергетска транзиција;
  • циркуларна економија и управување со отпад;
  • намалување на загадувањето на воздухот, водата и почвата;
  • заштита на природата и биодиверзитетот;
  • одржливо управување со водните, земјишните и шумските ресурси.

Работата на Мрежата се заснова на принципите на транспарентност, партнерство, еднакво учество, професионална одговорност и независност во аналитичката работа.

Мрежата ја координира Центарот за климатски промени, додека партнерските организации рамноправно учествуваат во реализацијата на активностите, подготовката на анализи и извештаи, како и во формулирањето препораки.

Мрежата нема својство на правно лице и нема сопствен буџет. Нејзините активности се реализираат во рамки на расположливите проектни ресурси на носителот и партнерските организации.

Членки на Мрежата

Мрежата ја сочинуваат Центарот за климатски промени како носител и координатор, заедно со партнерски организации:

  • Здружение еколошко друштво Ецо Ацтион- Тетово
  • Национален ромски Центар- Куманово
  • Здружение за еко животна средина – зелен раст и одржлив развој, ЕКО- ЗЕЛЕНО ДВИЖЕЊЕ, Берово
  • Здружение за екологија и туризам ЕКОТУРИЗАМ 2016- Охрид
  • Регионално географско друштво ГЕОСФЕРА- Битола
  • Младинска организација Креактив,
  • Фондација за локален развој и развој на информатички технологии-Гевгелија

Документи на Мрежата

Во интерес на транспарентноста и отвореното информирање, достапни се основните документи со кои се уредуваат формирањето, функционирањето и стратешките насоки на Мрежата:

Мрежата се основа во рамките на проектот ,, Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена агенда за Западен Балкан на локално ниво” кој  се спроведува од страна на Центар за климатски промени / Center for Climate Change во соработка со: National Roma Centrum, Foundation for Local and IT Development- Gevgelija, Eco Action Tetovo, Регионално географско друштво „ГЕОСФЕРА“ – Битола, Eco-Green Movement, Berovo, Екотуризам Охрид / Ecotourism Ohrid и Младинска организација Креактив.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.

Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Центарот за климатски промени и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.