Нашиот тим

Бојана Станојевска Пецуровска

Бојана Станојевска Пецуровска, дипломиран политиколог и магистер по комуникации чие главно поле на интерес се политиките и законодавството во областа на животната средина и климатски промени. Нејзината професионална кариера започна пред скоро 15 години во невладиниот сектор и оттогаш нејзиното професионално искуство се развива на полето на заштита и унапредување со животна средина. Таа има огромно искуство во управување и имплементација  на проекти за енергетска ефикасност во индустрија, ублажување на климатските промени, аерозагадување, управување со отпад, како и подигнување на јавната свест за заштита на животна средина.

Филип Стојановски

Филип Стојановски е  дипломиран машински инженер и има големо искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија, подготовка на инвентари на емисии и квалитет на амбиентен воздух. Тој има повеќе од 10 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, проекти за енергетска ефикасност, аерозагадување и управување со отпад. Во своето професионално искуство тој учествувал многу пати во изработка на научни студии, истражувања, анализи на различни прашања од областа на климатските промени, животната средина и енергетиката.

Весна Дишлијовска

Весна Дишлијовска е магистер по право со положен правосуден испит. Во текот на изминатите неколку години, нејзиниот професионален фокус се повеќе се фокусира на заштитата на животната средина и климатската правда. Поседува искуство во спроведување на проекти од различни донатори како и проекти финансирани од ЕУ. Дел од спроведените проекти се поврзани со управувањето со животната средина вклучувајќи зајакнување на капацитетите на млади за спроведување на иницијативи за заштита на животна средина на локално ниво, пристап до правда за прашања поврзани со животната средина и зајакнување на правните механизми во согласност со Архуската конвенција.

Жарко Илиевски

арко Илиевски е дипломиран машински инженер со искуство во областа на енергетска ефикасност, обновливите извори на енергија, спроведување на енергетски контроли во објекти од јавниот, здравствениот, образовниот и индустрискиот сектор.

Тој има повеќе од 14 години искуство во невладиниот сектор каде што работел како проектен менаџер, проектен асистент на проекти за енергетска ефикасност, а како соработник учествува и во проектирање на системи за греење и климатизација. Поседува Овластување „А“ за надзор, како и Овластување „Б“ за проектирање на машински инсталации .

Анастасија Бабовска