Обука за енергетски менаџмент во прехрамбената индустрија во Македонија

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Период на одржување: (Април – Јуни 2014 година)

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Центарот за климатски промени, во рамките на својот проект „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, организира тридневна бесплатна обука за компаниите од македонската прехрамбена индустрија.

Обуката има за цел да ги унапреди капацитетите на вработените задолжени за управувањето со енергијата и производствениот процес и воедно да ги подобри енергетските и еколошките перформанси на компаниите.

ТЕМИ НА ОБУКАТА:

  1. 1. Вовед во енергетскиот менаџмент
  2. 2. Енергетски ресурси во производствените процеси во прехрамбената индустрија
  3. 3. Прелиминарна енергетска проверка (Како да ја спроведеме и зошто е неопходна?)?
  4. 4. Мерење на потрошувачката на енергија
  5. 5. Стратегија за мерење на потрошувачката на енергија
  6. 6. Начин на мерење и мерни инструменти
  7. 7. Спроведување енергетски прашалник во компанијата
  8. 8. Заштеда на енергија во различни индустриски процеси
  9. 9. Карактеристики на различни компании и потенцијал за заштеда на енергија (Во зависност од компаниите кои ќе учествуваат во проектот, ќе бидат изготвени соодветни примери и совети за компаниите учеснички)
  10. 10. Вклучување на вработените во процесот на заштеда на енергија
  11. 11. Како да го имплементираме системот за Управување со енергија
  12. 12. Добри примери од имплементација на системот
  13. 13. Алтернативни извори на енергија и нивна примена
  14. 14. Имплементација на најдобри достапни техники НДТ
  15. 15. Изработка на акционен план за имплементација на мерки за заштеда на енергија

 

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, од април до јуни 2014, при што секој месец ќе се одржува по еден тематски семинар за компаниите кои ќе бидат одбрани да учествуваат.

Воедно обуката ќе биде реализирана со директна комуникација на релевантните претставници од компаниите учеснички, преку работни задачи и посети на компаниите и презентација на најдобрите практики и достапни технологии за заштеда на енергија.

УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО ВО ОБУКАТА:

Компаниите кои сакаат да учествуваат во обуката потребно е да ги исполнуваат следниве услови:

  • Да обезбедат писмено одобрение од менаџментот дека се согласуваат да учествуваат во обуката
  • Да го пополнат прашалникот за управување со енергија
  • Да назначат вработени кои имаат соодветно техничко образование и соодветна позиција во компанијата
  • Да назначат едно контакт лице
  • Да имаат значителна потрошувачка на енергија и потенцијал за заштеда на енергија

 

РЕЗУЛТАТИ ОД ОБУКАТА:

Компаниите кои ќе учествуваат во обуката ќе обезбедат:

  • Подигнати капацитети на оние вработени кои ќе ја посетуваат обуката, со цел подобро управување со енергетски ресурси
  • Чекори за воведување на систем за управување со енергијата
  • Подобрени енергетско-еколошки перформанси во компанијата
  • Прелиминарна енергетска проверка
  • Краток извештај за енергетската состојба во компанијата

 

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ:

Сите заинтересирани компании потребно е да го испратат пополнетиот прашалник за енергија, заедно со писмото за намера потпишано од Управителот на следната е-маил адреса:

bojana.stanojevska@ckp.org.mk и centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, најдоцна до: 31ви март 2014 година. За повеќе информации контактирајте не на: +389 2 5208 330 или +389 78 344 905.

НАПОМЕНА: Учеството во обуката е бесплатно и секоја компанија може да пријави најмногу 2ца учесници. Компанијата потребно е да обезбеди само патни трошоци за своите вработени, додека сите останати трошоци ќе бидат покриени од страна на проектот, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград.

– Прашалник за потрошувачка на енергија [Превземи]
– Согласност [Превземи]