Во рамките на проектните активности од проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, на 8ми јуни 2017, во општина Македонски Брод и Општина Ресен, се одржаа работни состаноци за утврдување на почетни активности за изработка на акциските планови со цел поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
На овие средби беше дискутирана моменталната состојба во општините со животната средина, начинот на кој ја информираат јавноста при донесувањето на одлуки од оваа област, и каква е комуникацијата со граѓанските организации кои се активни на локално ниво. Од состанокот можеше да се забележи дека и двете општини имаат одлична соработка со граѓанскиот сектор и редовно комуницираат за прашања од областа на животната средина. На состаноците беа предложени активности кои би допринеле за надминување на одредени проблеми на самата општина, а воедно беа предложени и активности за поголема промоција на успешно реализираните проекти.
Исто така за време на состаноците беше разговарано и за предлог датуми за реализирање на заедничка активност поврзана со подигнување на јавната свест во општината.