Проектот Младите и жените предводници во транзицијата на руралниот отпад – (Youth and Women Leading Rural Waste Transitions – We LEAD Rural) има за цел да ги подобри практиките за одржливо управување со отпадот и да ги промовира принципите на циркуларната економија преку зајакнување на младите и жените во руралните општини. Проектот ќе се имплементира во три пилот-општини и е изграден околу три клучни специфични цели:
-
Зголемување на капацитетите на младите и жените во руралните средини преку таргетирани работилници, практични обуки и настан за размена на искуства во кој ќе учествуваат општините и јавните комунални претпријатија (ЈКП). Овие активности ќе опремат 250 лица со знаење за компостирање, рециклирање и методи за претворање на отпадот во ресурс, со посебен фокус на младите и жените.
-
Воспоставување одржливи системи за управување со пластичен отпад во руралните средини преку поддршка при изработката на правни документи, набавка на потребната опрема и обука на младите, жените и локалните институции. Ова директно ќе вклучи најмалку 180 домаќинства во примарна селекција на пластичен отпад, како и 100 млади лица кои ќе бидат ангажирани во воспоставувањето на системот за селекција на пластика.
-
Подигнување на јавната свест за одржливи практики со отпадот преку локални кампањи, јавна уметност изработена од материјали што можат да се рециклираат и развој на практичен прирачник за управување со отпад. Се проценува дека кампањата ќе допре до 20.000 граѓани, а ќе се спроведува заеднички со младите и жените.
Преку инклузивни и партиципативни методи, проектот ќе ја поддржи заштитата на животната средина, ќе го намали загадувањето, ќе го поттикне граѓанскиот ангажман и ќе стимулира можности за зелено претприемништво. Покрај тоа, тој ќе ги зајакне младите и жените во руралните средини за да продолжат да работат на подигнување на свеста и на обезбедување на воспоставените одржливи системи за управување со отпад. Со усогласување со еколошките цели на ЕУ и со поттикнување на локалното сопствеништво, We LEAD Rural ќе изгради отпорни и одржливи рурални заедници со долгорочни еколошки и социјални придобивки. Исто така, проектот ќе ги опреми младите и жените со вештини за да осигураат оперативен и ефективен систем за одржливо управување со отпадот.
Проектот е финансиран преку BOOST Balkans поддржан од страна на ALDA – European Association for Local Democracy , ALDA Balkans , преку AFD – Agence Française de Développement.
