Подготовка за CBAM 2026 – Нови обврски и финансиски ризици за компаниите

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

CBAM или Carbon Border Adjustment Mechanism е инструмент на климатската политика на ЕУ кој од една страна ги штити земјите членки од стоки кои се произведени во услови во кои нема ограничувања на емисиите, а од друга страна има намера да ги поттикне и економските партнери надвор од ЕУ да имаат климатски поодржливо производство. CBAM уредбата стапи на сила во октомври 2023 година, преку т.н преоден период односно период на адаптација кој завршува на 01.01.2026 година. Сите компании кои произведуваат стоки опфатени со CBAM гранични даночни пријави кои спаѓаат во следните категории: водород, челик, железо, алуминиум, вештачки ѓубрива, цемент, и електрична енергија, по овој датум ќе мораат не само да ги пријават емисиите содржани во производите, туку и да купат посебни CBAM сертификати за емисиите. Притоа, мора да се истакне дека не секој производ од наведените групи подлежи на вакви даночни пријави. Тоа може да се провери врз основа на царинските кодови на производите. Ненавремената и недоследна примена на оваа уредба ќе значи не само оперативни проблеми, туку и големи финансиски загуби.

Во продолжение укажуваме на најважните обврски и ризици на кои засегнатите компании треба да обрнат внимание со цел доследна примена на уредбата, со важна напомена дека во наредниот период оваа обврска ќе се проширува и за други сектори во индустријата. Затоа, информираноста и подготвеноста е важна за сите компании, а не само за оние од наведените сектори.

  1. Финансиски ризици – трошоци за сертификати и казни

Почнувајќи од 2026 година, увозниците ќе имаат обврска да купат CBAM сертификати кои ги одразуваат емисиите на CO2 поврзани со производството на увезениот производ. Сертификатите ќе чинат онолку колку што дозволува ETS или дури 80-100 евра по тон. За оние компании кои не собираат прецизни податоци за емисиите, ќе се применува критериумот на т.н „ предефинирани фактори за емисии“. Тие се намерно преценети и ќе ги зголемат трошоците за увозот. Од друга страна, неплаќањето или доцнењето во плаќањето ќе резултира со казни до 50 евра по тон CO2.

  1. Што претставуваат т.н „предефинирани фактори за емисии“

Наједноставно кажано, овој термин претставува замка за неподготвените. Имено, Европската комисија јасно истакнува дека тие треба да бидат „обесхрабрување“ за нетранспарентниот увоз. Доколку компанијата не добие точни и сигурни податоци од производните погони (пр. Македонија, Турција, Индија, Кина), таа ќе мора да плати максимална вредност за јаглеродниот отпечаток на тој увоз.

  1. Недостатокот на податоци е сериозен процедурален ризик

CBAM предвидува обврска за квартални извештаи за емисиите, кои опфаќаат:

  • Документација од производните погони
  • Верификација на емисиите во согласност со методологијата на ЕУ
  • Следење на потеклото на суровините
  • Извори на податоци кои треба да се проверат
  • Соработка со производителот и негова подготвеност да обезбеди и достави податоци

Недостатокот на оваа документација или пропусти и недоследности во истата, може да доведе до доцнење или дури и блокирање на можноста за увоз.

  1. Што треба да направат компаниите?

Станува збор за сериозно прашање не само по прашањето на логистиката, туку и финансиите и правниот ризик. Затоа компаниите треба да се реорганизираат со цел успешно да одговорат на новите обврски, односно:

  • Да направат интерен CBAM тим
  • Да воведат платформа за добивање на податоци за емисиите од производителите
  • Да практикуваат процес на квартално известување
  • Да креираат буџет за купување на емисиони сертификати за 2026 година
  • Да се проверуваат добавувачите заради нивната подготвеност за CBAM
  • Континуирано да идентификуваат и имплементираат мерки за декарбонизација и енергетска ефикасност на своето производство, со цел обезбедување на конкурентност на пазарите на ЕУ во новонастанатите околности

CBAM е еден од најважните алатки на ЕУ во борбата против истекувањето на јаглеродот и поддршката на зелената трансформација на индустријата. Но, мора да се истакне дека нивната ефикасност зависи од подготвеноста на увозниците и нивните способности да добијат доверливи податоци. Преостанатиот период од годинава е последниот рок за подготовка на промените. Оние кои нема да дејствуваат сега, ќе платат многу висока цена во 2026 година

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *