Проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на зелена агенда за западен Балкан на локално ниво“, ќе допринесе кон овозможување на транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан на локално ниво, со активна соработка на граѓанскиот сектор со сите засегнати страни и вклученост во креирањето на политиките.
Проектот се спроведување од страна на Центар за климатски промени во соработка со партнерите Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Ецо ацтион.
Општата цел на проектот е да се овозможи транзицијата на Македонија кон целите на ЕУ за јаглеродно неутрално општество, преку инклузивно и транспарентно спроведување на Зелената Агенда за Западен Балкан во РСМ.
Општата цел на проектот ќе се постигне со исполнување на следните специфичните цели на проектот:
СЦ 1: Зајакнување на капацитетите на ГО и ЕЛС за подобро вклучување во спроведувањето на Зелена Агенда и стимулирање на соработка помеѓу ГО и ЕЛС
СЦ 2: ГО да ги поддржат ЕЛС во процесот на креирањето на локални политики за спроведување на Зелената Агенда на локално ниво
СЦ 3: Да се подигне свеста на граѓаните од РСМ за придобивките од Зелена Агенда
Очекувани резултати од проектот се:
Р1 – Зајакнати капацитети на ГО за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво и поголема вклученост во процесот на донесување одлуки и воспоставување на мониторинг за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво
Р2 – Развиени политики и стратегии за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
Р3 – Зголемена свест на пошироката јавност за придобивките од ЗАЗБ
Во рамките на проектот ќе се спроведат следните активности:
A1. Мапирање на постоечки политики за ЗАЗБ на локално ниво, вклучително и капацитетите на ГО кои работат во оваа област
А2. Регионални обуки за градење на капацитетите за ЗАЗБ
А3. Регионални форуми за заедницата
А4. Развивање на методологија и ИТ Алатка за следење на спроведувањето на ЗАЗБ на локално ниво
А5. Извештај за спроведувањето на ЗАЗБ
А6. Патоказ за спроведување на ЗАЗБ на локално ниво
А7. Регионално партнерство за ЗАЗБ
А8. Подигнување на јавна свест за значењето на ЗАЗБ
А9. Национален форум за Зелена агенда
Вкупниот буџет на проектот 13.999.791 денари.
Времетраењето на проектот е 34 месеци, од 1 декември 2023 година до 30 септември 2026 година.
Проектот е финансиран од Цивика мобилитас.
Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво.
Контакт лице за останати информации поврзани со проектот е Филип Стојановски.