Центарот за климатски промени започна со спроведување на проектот „Зголемување на отпорноста на ММСП преку намалување на трошоците за енергија за надминување на ефектите од енергетската криза и за подобрување на деловните услуги“. Овој проект се спроведува во рамките на проектот „Активности за зајакнување на бизнис секторот“, кој е финансиран од УСАИД и Консалтинг за стратешки развој.
Проектната акција има за цел да ја зголеми отпорноста преку намалување на трошоците за енергија овозможено со воведување мерки за заштеда
на енергија и диверзификација на изворите на енергија во индустриските капацитети (за производствени цели, но и за греење, ладење, транспорт итн.).Овие активности треба да резултираат со подобрена конкурентност и надградени услуги кои ќе обезбедат подобри деловни услуги и перформанси, како и зголемена отпорност на новите енергетски услови, последица на енергетската криза. Покрај намалените трошоци, ќе се придонесе и за стабилно снабдување со енергија, поекономично производство и зајакнување на капацитетите на вработените во ММСП за натамошно преземање на идентификуваните мерки за заштеда на енергија. Конкретните цели на проектот се градење на капацитетите на вработените во ММСП и
обезбедување менторство на самата локација како предуслов за надградба на деловните услуги и постигнување на долгорочните цели.
За постигнување на целите на проектот се планирани 4 активности:
- Активност 1 – Развивање и спроведување на прилагодена обука за управување со енергија за претставниците и вработените на ММСП
- Активност 2 – Поддршка на ММСП во подобрување на снабдувањето со енергија и неговите енергетски перформанси со цел да се намалат трошоците за енергија и да се подобрат деловните услуги.
- Активност 3 – Развивање на дигитална алатка за управување со енергија
- Активност4 – Олеснување на инвестициите во ЕЕ и ОИЕ
Времетраењето на проектот е 12 месеци, од јули 2023 до јуни 2024 година.