Анкета за испитување на јавното мислење за начините за адаптација кон климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови во Град Скопје, Општина Куманово и Општина Берово.

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центар за климатски промени, во рамките на соработката со Проектот “ЕУ за енергетска транзиција – Пакт на Градоначалници од Западен Балкан и Турција” кој се спроведува од страна на GIZ, подготви анкета за испитување на јавно мислење за начините за адаптација кон климатските промени и намалување на емисиите на стакленички гасови во Град Скопје, Општина Куманово и Општина Берово.

Вашето мислење ни е од големо значење Ве молиме да одговорите на овој краток прашалник, преку кој би сакале да го слушнеме Вашето размислување за потенцијалните мерки за адаптација и ублажување на климатските промени.

Прашалникот е анонимен и нема да ви одземе повеќе од 5 минути, а Вашите одговори ќе бидат земени во предвид при процесот на изработка на Плановите за одржлива клима и енергија.

 

Линк до анектите:

Општина Берово: https://forms.gle/XWrna8crMFZtXiE78

Општина Куманово: https://forms.gle/j1raAFU2HLfQBpvH7

Град Скопје: https://forms.gle/eGZRFrRL3X34F8DL8