На ден 28.06.2022 се одржа работилница на тема: Како да го подобриме управувањето со отпадот на локално ниво. Работилницата ја отвори г-ѓа Бојана Станојевска Пецуровска која ги презентираше мерките кои досега се предложени во планските документи и што од нив е досега реализирано. Потоа зема збор г-дин Рубин Абрашовски директор на комуналното претпријатие од Прилеп кој ја презентираше работата на претпријатието и воедно ги пренесе позитивните искуства со справување со отпадот на територија на Општина Прилеп. По презентацијата се разви дискусија, каде претставниците од комуналните претпријатија дискутираа за предизвиците со кои се соочуваат околу управувањето со отпадот. Воедно во рамките на работилницата претставниците од општините се осврнаа на обврските на општините и јавните комунални претпријатија кои ќе произлезат со воспоставувањето на регионалниот систем за управување со отпад и воедно се разви и дискусија за тоа како планираат да се вклучат во регионалното управување со отпад. Г-дин Емил Ангелов ги коментираше навиките на граѓаните за одлагање на отпадот и истакна дека е неопходно да се спроведе истражување за да се утврди зошто граѓаните не постапуваат со отпадот соодветно. Работилницата заврши со позитивен став кој се однесува на тоа дека иако е тешко да се справиме со отпад не треба да се откажеме од воспоставувањето на регионални депонии и негово правилно селектирање и одложување.
Работилницата се реализираше во рамките на проектот: Препораки за Поглавје 27, кој го спроведува Милиеуконтакт Македонија, Центар за климатски промени, Еко-свест и Македонско еколошко друштво, и е финансиран од Фондација отворено општество Македонија.