Центар за климатски промени е здружение на граѓани чија цел е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени. За потребите на своите проектни активности Центар за климатски промени вработува 1 специјалист за медиуми.
Кандидатите потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
- Високо образование од областа на комуникации, медиуми, новинарство, дигитален маркетинг
- Искуство во работа со медиуми, особено социјални медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn)
- Искуство во промоција и организација на настани
- Искуство во областа на животна средина или климатски промени
Задачи и обврски на смепцијалистот за медиуми
- Да ги координира активностите поврзани со медиумите во државата
- Да ги одржува социјалните медиуми на организацијата и редовно да објавува информации за активностите на здружението
- Да комуницира со медиумите и да пишува текстови поврзани со животна средина, клима и активностите на здружението
Сите заинтересирани кандидати потребно е да се испратат своја биографија (CV) и мотивационо писмо најдоцна до 30.06.2022 на следната е-маил адреса: ckp.skopje@gmail.com со назнака специјалист за медиуми.