Се одржа информативната сесија за Платформата за Поглавје 27

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На 28 септември 2020 година се одржа информативна сесија за претставниците на граѓанските организации се со цел нивно информирање за целите на проектот и можностите за вклучување во истиот. Кратко претставување на проектните активности обезбеди Филип Стојановски, координатор на проектот, додека пак можностите за вклучување во проектот беа презентирани од страна на Јадранка Иванова,  експерт за апроксимација во животната средина. Воедно за време на информативната сесија беа презентирани информации за Поглавјето 27-животна средина, како се водат преговорите, процесите и фазите на водење на преговорите а беше спомената и новата методологија и проширувањето. Исто така експертот за апроксимација, г-ѓа Иванова зборуваше и за тоа што се преговара со ЕУ, за транзицискиот период и можноста на ГО да се вклучат во процесот на преговори со ЕУ за Поглавјето 27.

На следниот линк можете да ги видите презентациите и агендата.

Agenda_Civica_infoday 

Expert presentation-MK

Opsta prezentacija za Poglavje 27