Центар за климатски промени, започна да го спроведува проектот „Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа, Вклучи се, за здрава животна средина“.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот „Саморегулација на граѓански организации“, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
Главна цел на проектот е Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“ за транспарентност и отчетно работење.
Специфични цели:
– подобрување на транспарентноста и отчетноста на мрежата преку креирање на кодекси на однесување,
– подобрена вклученост на членките во донесувањето на одлуки и спроведување на кодексите за однесување за подобра транспарентност и отчетност.
За постигнување на целите на проектот планирани се пет активности:
- Изработка на правилник за отчетност и транспарентно работење за неформалната мрежа
- Организирање на тридневна работилница за 20 учесници за подигнување на капацитетите на мрежата за отчетност и транспарентно работење
- Изработка на веб страна за мрежата
- Изработка на стратегија за работа на мрежата
- Изработка на правилник за добро управување
Очекуваните резултати од спроведувањето на проектот се:
- Подигнати капацитети на членките на мрежата за отчетност и транспарентно работење
- Развиена заедничка стратегија за работа на мрежата
- Воспоставена организациска структура во мрежата согласно изготвениот правилник за добро управување
Времетраење на проектот е 6 месеци, од март до август 2020 година.