Центар за климатски промени, за потребите на проектот „Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!” распишува повик за ангажирање на експерт за изработка на правилник за отчетност и транспарентно работење и правилник за добро управување.
Проектот е суб-грантиран во рамките на проектот „Саморегулација на граѓански организации“, во рамки на програмата „Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС). Програмата е финансирана од Европската Унија.
Општи информации за проектот
Главна цел на проектот е Зајакнување на капацитетите на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“ за транспарентност и отчетно работење.
Специфични цели:
– подобрување на транспарентноста и отчетноста на мрежата преку креирање на кодекси на однесување,
– подобрена вклученост на членките во донесувањето на одлуки и спроведување на кодексите за однесување за подобра транспарентност и отчетност.
Опис на работните задачи
Согласно проектната апликација во рамките на проектот е предвидено изработка на правилник за отчетност и транспарентно работење и правилник за добро управување за неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“.
Изработката на правилникот за отчетност и транспарентно работење за неформалната мрежа треба да даде насоки и обврски на управувачките органи на неформалната мрежа за изработка на потребните документи за отчетност и транспарентно работење, кои ќе овозможат неформалната мрежа да биде запознаена од страна на донаторите и општата јавност за нејзината работа и начините на финансирање. Правилникот за добро управување треба да воспостави структура која ќе биде ефективна и ефикасна во спроведувањето на активностите на неформалната мрежа.
Задачи кои се очекува да ги исполни експертот:
- Да подготви еден правилник отчетност и транспарентно работење,
- Да подготви еден правилник за добро управување,
- За време на подготовката на правилниците да одржи два онлајн состаноци преку Скајп со членките на неформалната мрежа „Вклучи се, за здрава животна средина!“,
- Да присуствува на тридневната обука за подигнување на капацитетите на мрежата за отчетност и транспарентно работење која ќе ја организира мрежата при што преку подготовка на повер поинт презентација ќе ги презентира подготвените правилници и ќе спроведе кратка обука на учесниците за нивна практична примена,
- Да подготви финален извештај во слободна форма на македонски јазик за завршената работа.
Временска рамка за предвидениот ангажман
Ангажманот на Експертот ќе биде во времетраење од 3 (три) месеци од датумот на потпишување на договорот.
Договор и надоместок за консултантот
Ангажманот се заснова по претходно потпишан договор со експертот. Плаќањето ќе се изврши во две рати и тоа 70% по завршување на обврските поврзани со подготовката на правилниците и 30% по нивното презентирање и спроведената обука за нивна практична примена.
Максималната вредност на договорот изнесува 60.000 ден во бруто износ.
Трошоците за сместување (храна, пијалок и ноќевање) за тридневната работилница ќе бидат покриени од страна на Центар за климатски промени.
Потребни квалификации
Експертот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
- Да има завршено високо образование од област со релевантност на проблематиката на овој повик,
- Најмалку 3 години искуство во областа на проблематиката на овој повик,
- Искуство во одржување на обуки и изработка на правилници за транспарентно работење и отчетност и добро управување,
- Комуникациски и презентациски вештини.
Евалуација на кандидатите
Кандидатите ќе бидат оценувани врз основа на следните критериуми:
- Претходно искуство во спроведувањето на слични активности – 30 бодови,
- Предложена Методологија за работа – 30 бодови,
- Предложена цена за ангажманот 40 бодови (пониските износи добиваат повисок број на бодови).
Вкупно 100 бодови.
Договор ќе биде склучен со оној кандидат кој освоил најголем број бодови.
Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
- Кратка биографија (CV),
- Методологија за работа,
- Финансиска понуда.
Рок за пријавување
Рокот за пријавување е најдоцна до 15 април 2020 до 16 часот на следната емаил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com, со назнака Апликација за ангижање на експерт за изработка на правилници.