Во текот на месец февруари 2020 година пет компании од Македонија ќе ги добијат своите зелени акциски планови за примена на концептот за зелена економија кои се изработуваат во рамките на проектот „Подобрување на капацитетите на граѓанските организации за имплементација на концептот за зелена економија“. Истите ќе бидат подготвени од страна на експертот за енергетска ефикасност Доц. Д-р Даниела Младеновска, а во соработка со проектниот тим на Центар за климатски промени како претставник на граѓанскиот сектор.
Секој зелен акциски план ќе содржи енергетски биланс за претходните 2 години (2018 и 2019 година) во кој ќе биде прикажана потрошената електрична енергија, топлинска енергија и вода. Покрај енергетскиот биланс ќе бидат дадени насоки за ефикасно искористување на ресурсите, предлог мерки за енергетска ефикасност и примена на обновливи избори на енергија, насоки за намалување на отпадот, селектирање и рециклирање, можности за финансирање со цел имплементирање на мерки за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија и изработка на акциски план со временска рамка од 2 години.