Центар за климатски промени започна со реализација на проектот „Енергија од отпад за одржлива иднина!“. Со проектот сакаме да постигнеме преку теоретска и практична едукација младите да се активираат во кампања за одржлив развој преку промоција на циркуларна економија и waste to energy. Проектот е финансиран од Пакомак Доо Скопје, во соработка со Цементарница Усје.
Цели на проектот:
- Развивање на концептот за рециклирање на отпад
- Едукација за на добивање на енергија од отпад
- Промоција на концептот за циркуларна економија
Целна група:
- Ученици во основните училишта во Скопје, акцент на училишта во општина Кисела Вода и Општина Аеродром.
- Студенти од техничките факултети во државата
Во рамките на проектот се предвидени следните активности:
- Летен курс за одржливо постапување со отпад – Да го разделиме отпадот е “COOL“
- Едукативна кампања во основните училишта во Општина Аеродром и Општина Кисела Вода
- Студентски конкурс: Циркуларна економија и одржлив индустриски развој
Времетраење: шест месеци, од јули до декември 2019 година.