Оглас за вработување

објавено во ОГЛАСИ | 0

Оглас за вработување

Центар за климатски промени е здружение на граѓани чија цел е да ја штити животната средина и да имплементира активности за борба со климатските промени. За потребите на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс во прекуграничниот регион – TRAP”, објавува оглас за:

  1. Проектен асистент, 1 извршител, полно работно време, определено (1 година со можност за продолжување)

ПРОЕКТНИОТ АСИСТЕНТ Е ПОТРЕБНО ДА ГИ ИСПОЛНУВА СЛЕДНИТЕ УСЛОВИ:

  • Завршено високо образование (машински факултет, електро-технички факултет или технолошко-металуршки факултет)
  • Постдипломски студии на некои од наведените факултети ќе се смета за предност
  • Минимум 3 години работно искуство на проекти
  • Учество во најмалку 2 проекти како проектен асистент
  • Англиски јазик, одлично познавање (говорење и пишување)
  • Солидно познавање на процедурите и начинот на раководење на проекти финансирани од ЕУ
  • Искуство во проекти за животна средина
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Задачи и обврски на проектниот асистент:

  1. Да помага во координација на проектните активности заедно со проектниот координатор
  2. Да помага во подготовката на тендерски документации, проектни задачи и да учествува во координација и изработката на документите кои треба да произлезат од спроведувањето на проектот
  3. Да помага во подготовка на извештаи и документи кои произлегуваат од проектните активности, а се однесуваат на животна средина, аерозагдување и здравје на луѓето
  4. Да го следи своето работно време потрошено на проектот и да се грижи за финансиската документација која произлегува од проектот
  5. Да помага во изработката на проектната документација, планови и извештаи кои согласно договорот за грант се обврска на Центар за климатски промени како проектен партнер
  6. Да ги организира обуките и останатите настани кои треба да се дел од проектните активности, да учествува во подготовка на медиумска реклама, и да помага при развивање и организирање на кампања за квалитетот на воздухот и здравјето

 

Сите заинтересирани кандидати потребно е да испратат CV и мотивационо писмо на македонски јазик најдоцна до: 25.08.2019 година на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com