Денес го одбележавме Часот на планетата Земја 2019!
Часот на планетата Земја со својата кампања “#Connect2Earth” има за цел да изгради масовна свест за тоа зашто природата е важна, и да создаде незапирливо движење за природата со цел справување со климатските промени.
По тој повод на 28 март 2019 година Центар за климатски промени заедно со колективниот постапувач за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори Elkolekt ДОО Скопје организираа посета на Ботаничката градина за учениците од ОУ „Стив Наумов“ од населбата Автокоманда. Целта на посетата беше учениците да се запознаат со интересни факти за растенијата и нивното значење за животната средина.
Дополнително, учениците имаа можност да добијат информации за тоа колку електричниот и електронскиот отпад може негативно да влијае на животната средина доколку не се одложи на местата определени за таа намена. Им благодариме на учениците од ООУ “Стив Наумов”, Елколект ДОО и Ботаничка Градина кои прифатија да бидат дел од оваа акцијa и дадоа свој придонес за успешно одбележување на Часот на планетата Земја 2019 година, кој ширум Светот ќе биде одбележан на 30 март 2019 година во периодот од 20:30 – 21:30.