29-30 Октомври 2015 година, Благоевград, Република Бугарија, се организира тркалезна маса за енергетска ефикасност

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центарот за климатски промени – Гевгелија и Алијансата на производители на еколошка енергија – БГ од Благоевград, организираат тркалезна маса за прашања поврзани со енергетска ефикасност во малите и средни претпријатија од прекуграничниот регион. Тркалезната маса ќе се одржи на 29 и 30 Октомври 2015 година, во Хотел Езерец, Благоеврад, со почеток во 15ч.

Тркалезната маса е една од многуте активности кои се спроведуваат во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион “ реф.бр. 2007CB16IPO007 – 2012- 3 – 026, финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Бугарија – Македонија.

Целта на настанот е да ги донесе на едно место малите и средни претпријатиа од двата региона кои што работат во различни индустриски сектори, но се соочуваат со слични проблеми поврзани со управувањето со енергија. Настанот ќе претставува одлична можност за компаниите од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија да се сретнат и да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, потенцијалите и бариерите за подобрување на практиките за управување со енергија и ресурси, но исто така и да ја зголеми можноста за нивна меѓусебна соработка и конкурентност.

Заинтересираните компании ќе имаат можност да ја претстават својата компанија и своите производи преку презентација во времетраење од 10 – 15 минути. Доколку сте заинтересирани да ја претставите Вашата компанија, Ве молиме испратете кратко портфолио за компанијата!

Од аспект на промоција, на сите компании им е дозволено да донесат промотивни материјали кои би можеле да ги поделат помеѓу учесниците.

Превозот и сместувањето се покриени од страна на проектот. Ве молиме доколку сте заинтересирани за присуство пријавете го Вашето присуство најдоцна до 26.10.2015 година на е-маил ckp.gevgelija@gmail.com Пријавените кандидати ќе бидат селектирани на принципот прв дојден прв услужен!

 

Овде можете да ги симнете Поканата и Формуларот за Апликација:

Покана [Превземи]

Формулар за апликација [Превземи]