ЈАВЕН ПОВИК за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина

објавено во АКТИВНОСТИ, ОГЛАСИ | 0

Центар за климатски промени – Гевгелија како дел од проектините активности на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“ финансиран во рамките на програмата за акциски грантови на ЦивикаМобилитас, распишува

ЈАВЕН ПОВИК
за изработка на акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Општата цел на проектот е да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина на локално ниво. Понатаму, да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животната средина со цел поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво.

Специфичната цел на проектот е да придонесе кон подобрена соработка помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа на полето на донесување одлуки од областа на животната средина. Подобрената соработка помеѓу самите граѓански организации и помеѓу граѓанските организациии властите значително ќе се одрази на начинот на решавање и пристапот кон проблемите, потребите и приоритетите на граѓаните, кои индиректно придонесуваат за општествени промени.

ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК

Со цел да се зголеми вклученоста на граѓанските организации во процесот на донесувањеодлуки од областа на животната средина на локално ниво и воедно да се зајакне свеста на граѓанските организации за прашања поврзани со животната средина за поголема вклученост во креирањето на општествени промени во однос на доброто владеење и носењето одлуки на локално ниво, Центар за климатски промени – Гевгелија објавува јавен повик за изработка на пет акциски планови за поголема вклученост на јавноста во процесот на донесување одлуки во областа на животната средина.

За општините кои ќе бидат одбрани ќе биде изработен по 1 акциски план за вклучување на јавноста. Плановите ќе бидат изготвени за период од 3 години и ќе вклучуваат директни акции за вклучување на јавноста (граѓанските организации (ГО), стручната јавност, засегнати и релеватни страни). Содржината на предлог акциските планови ќе биде изработена во соработка со ГО кои се активни во избраната општина/регионот.

Во избраните општини во првата година од акцискиот план ќе биде реализирана една заедничка активност. Заедничката активност ќе се однесува на организирање на заедничка кампања за решавање на одреден еколошки проблем/или промоција на одржлив развој (промовирање на рурален и еко туризам, промовирање на органска храна, акции за чистење, акции за одржлив транспорт, акции за штедење енергија, зголемено искористување на ОИЕ и сл.). Темата за која ќе се организира заедничката активност ќе биде одредена во зависност од потребите и можностите на секоја општина.

ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК

На Јавниот повик право на учество имаат сите општини во Република Македонија кои ги исполнуваат бараните критериуми.

НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на пополнета пријава. Пријавата се презема од веб страната на Центар за климатски промени www.ckp.org.mk и се пополнува со впишување податоци на означеното место.

Пријави кои ќе бидат доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пополнети на несоодветен образец и нецелосно пополнети пријави нема да бидат разгледувани.

Пријавите се доставуваат по е-маил на centarzaklimatskipromeni@yahoo.comсо назнака за „Јавен повик за изработка на акциски планови за ЕЛС“.

Крајниот рок за доставување на пријавите е 17.02.2017 до 16:00 часот.

КРИТЕРИУМИ ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИОТ ПОВИК

Користење на методот на бодување на исполнетост на дадените критериуми овозможува евалуацијата на пријавените општини да се спроведе на брз и транспарентен начин.

Нивото на исполнетост на поедичните критериуми ќе биде одредено според следната методологија во зависност од начинот на оценување:

Начинот на оценување е со бодување и во зависност од исполнетоста на наведените критериуми бодувањето е во опсег од 0 до наведената максимална вредност.

Со цел ефикасно оценување, прашањата се формулирани на начин да се даде првична проценка за степенот на подготвеност за исполнување на критериумите:

 

Критериуми Максимум бодови
1 Дали Општината има Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП)? 10
2 Дали Општината има план и програма за управување со отпад? 10
3 Дали Општината има најмалку едно лице одговорно за животна средина во општината? 10
4 Дали Општината се согласува дека во наредниот период од 3 години ќе ги спроведуваат активностите наведени во акцискиот план? 30
5 Дали во Вашата општина/регион има активни ГО кои делуваат во областа на животната средина? 15
6 Дали Општината има интерес да учествува во неформалната мрежа со граѓанските организации? 15
7 Дали Општината прифаќа да потпише меморандум за соработка со Центар за климатски промени? 10
Вкупно 100

 

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК

Сите учесници на Јавниот повик ќе бидат известени најдоцна до 24.02.2017 дали се избрани да учествуваат во изработката на акциските планови преку електронски пат. Воедно, резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени на веб страната на Центар за климатски промени (www.ckp.org.mk)

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ

Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел. 078/346-248 и 078/346-249 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот. Лицa за контакт: Филип Стојановски и Лазар Петров.

ПРЕВЗЕМИ ЈА ПРИЈАВАТА ОВДЕ [Превземи]