
Центарот за климатски промени за потребите од спроведување на проектот „Зајакнување на позитивната перцепција за процесите на праведна транзиција на локално ниво“, во рамките на NDICI CHALLENGE/2024/455-010 ,,Финансирање на поправедни иднини: Проширување на ангажманот и овозможување на инклузивна и родово трансофрмативна климатска правда во Европа и пошироко’’ координиран од страна на Climate Action Network Europe (CAN Europe) и кофинансиран од Европската Унија објавува јавен повик за избор на 1 (еден) експерт/понудувач-физичко или правно лице, за развој и изработка на пет кратки аудио-визуелни клипови.
Преку видеата ќе бидат претставени личните искуства на локални производители-потрошувачи на електрична енергија од обновливи извори – просумери, како и придобивките од користењето на соларната енергија.
Заинтересираните понудувачи треба да ја достават комплетната документација по електронски пат на ckp.skopje@gmail.com, со предмет: „Пријава на јавен повик за избор на експерт за развој на видео содржини- [име на понудувачот]“.
Краен рок за доставување на понудите е 24.08.2026 година, најдоцна до 23:59 часот.
Деталните услови, потребната документација, техничките спецификации и критериумите за избор се достапни во целосниот текст на јавниот повик.



