Центар за климатски промени – Гевгелија за потребите на својот проект „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина“ финансиран преку акцискиот грант на Цивика Мобилитас има потреба од 1 обучувач за подигнување на јавна свест со цел поголемо вклучување на јавноста во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина.
Потребни квалификации на обучувачот:
- 1. Завршено високо образование од областа на општествените или техничките науки
- 2. Најмалку 3 години искуство во областа на животната средина
- 3. Најмалку 1 година искуство во невладин сектор, односно граѓански активности
- 4. Претходно искуство во тренинзи за граѓански организации
- 5. Добри комуникациски вештини
Задачи кои се очекува да ги исполни:
Одржување дводневна обука за граѓанските организации (ГО) во Република Македонија со цел подигнување на јавната свест и нивно вклучување во процесот на донесување одлуки од областа на животната средина. Темите кои треба да ги опфаќа обуката се однесуваат на: улогата на ГО во процесот на донесување на одлуките, начин на донесување одлуки, соработка со локални власти и јавни власти, значење на животната средина и нејзино унапредување преку големата граѓанска вклученост.
Обуката ќе се организира исклучиво за ГО со цел подигнување на свеста и капацитетите за поактивно вклучување во процесот на носење на одлуките. Обуката ќе биде организирана во времетраење од 2 дена, при што освен презентации ќе бидат вклучени и работилници каде ќе се очекува активно учество на ГО. Се очекува на обуката да присуствуаат околу 20 граѓански организации.
Времетраење на ангажманот: 2 дена, последна недела во месец Ноември, 2016 година
Начин на пријавување: Сите заитересирани кандидати потребно е да испратат свое CV со бараното искуство најдоцна до: 13.11.2016 година на е-маил: centarzaklimatskipomeni@yahoo.com
Финансиски надомест: 12.000,00 денари (Бруто износ)