Јавен оглас за ангажирање технички експерт за енергетска регулатива (енергетска ефикасност) и изработка на подзаконски акт

објавено во ОГЛАСИ | 0
  1. Основни информации

Проектот „Powering the Transition: Public sector energy data integration for climate and energy planning“ има за цел дигитализација и интеграција на податоците за енергетска потрошувачка во јавниот сектор во Северна Македонија. Главниот фокус е воспоставување на правна и техничка рамка за системот „Energy Tracker“, кој ќе овозможи изработка на информациски систем за следење и управување со потрошувачката ана енергија кај лицата од јавниот сектор.

За таа цел, Центар за климатски промени отвора јавен повик за избор на технички експерт кој ќе работи заедно со правниот експерт и ќе го подржува во процесот на изменување на постоечкиот  подзаконски акт за информациски систем за следење и управување со потрошувачката ана енергија кај лицата од јавниот сектор. Краен рок за поднесување понуди е 23.06.2026 година.

  1. Цел на ангажманот

Целта на овој ангажман е да обезбеди стручна техничка поддршка (во областа на енергетска ефикасност) во процесот на воспоставување на институционалната и регулаторната рамка за информацискиот систем за следење на потрошувачката на енергија во јавните згради во Македонија. Техничкиот  експерт ќе биде одговорен за поддршка во процесот на анализа на постојното законодавство и изработка на нов Правилник за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор (согласно Закон за енергетска ефикасност, Службен весник на РСМ, бр. 32 од 10.2.2020 година член 11.).

  1. Опис на задачите

Техничкиот експерт ќе ги извршува следните специфични задачи:

  • Преглед и анализа на националната правната рамка: Детален преглед на Законот за енергетска ефикасност, со цел идентификација на потребни податоци за потрошувачка на енергија од јавните згради во Македонија и другите технички параметри кои е потребно да бидат дел од информацискиот систем.
  • Анализа на ЕУ Директиви: Преглед и анализа на Директивата за енергетска ефикасност 2018/2002 и Директивата за енергетска ефикасност 2023/1791, како и преглед и анализа на Директивата за енергетски карактеристики на згради (2024/1275), со цел идентификација на потребни податоци за потрошувачка на енергија од јавните згради во Македонија и другите технички параметри кои е потребно да бидат дел од информацискиот систем а се обврска согласно европските директиви.
  • Изработка на Правилник: Поддршка во подготовката на нацрт-верзија на Правилник за воспоставување информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија во јавните згради, кој ќе ги дефинира минимум следните параметри:
    • Целта на документот, основни функции(пр. следење и анализа) и законски обврски
    • Обврските за внесување и автоматска размена на податоци
    • Техничките стандарди за API интеграција (од правен аспект)
    • Одговорностите на различните чинители (Министерство, општини, енергетски компании)
    • Содржината и формата на информацискиот систем (потребните податоци за зградите (градежни единици), податоци за потрошувачка на енергија и трошоци за потрошена енергија, податоци за јавно осветлување)
    • Начинот на воспоставување и водење и одржување на информацискиот систем
    • Прибирање и верификација на климатолошки податоци
    • Постапка за прибирање и верификација на податоците од енергетскиот администратор
    • Утврдување на корисници на информацискиот систем, улога и овластувања
    • Користење и објавување, пристап до информации од информациски систем
    • Начин на креирање извештаи и содржина на извештаите од информацискиот систем
  • Соработка со правен експерт: За потребите на изработката на овој правилник, Центарот за климатски промени ќе ангажира правен експерт кој ќе треба да соработува со техничкиот експерт околу заедничко дефинирање на технички и правни аспекти и подготовка на нацрт Правилник со кои треба да се прибираат податоци и да се воспостави информацискиот систем.
  • Поддршка на работната група: Учество на состаноци со интерната работна група формирана во рамките на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и инкорпорирање на нивните забелешки во финалниот документ.
  1. Временска рамка и обем на работа
  • Вкупно денови: 12 работни дена.
  • Период на реализација: 01 јули 2026 – 15 септември 2026 година.
  1. Очекувани резултати

Извештај од техничка анализа: Документ со идентификувани технички аспекти поврзани со европските регулативи а се однесуваат на потребни податоци и параметри кои треба да се прибираат со воспоставувањето на информацискиот систем (најдоцна до 01.08.2026).

  1. Потребни квалификации
  • Образование во областа на технички науки, додипломски и/или последипломски студии од областа на машински или електротехнички факултет
  • Најмалку 7 години искуство во технички работи, со фокус на енергетика, животна средина или јавна администрација.
  • Специфични вештини:
    • Докажано искуство во изработка на технички анализи од областа на енергетска ефикасност.
    • Искуство во изработка на закони и подзаконски акти од областа на ЕЕ
    • Одлични аналитички и комуникациски вештини.
  1. Известување

Експертот ќе известува директно до Проектниот менаџер и ќе соработува со останатите сениор експерти (ИТ и Правен експерт) ангажирани на проектот.

Начин на плаќање: Исплатата ќе се врши по успешно прифаќање на предвидените резултати.

  1. Потребна документација

Сите заинтересирани кандидати потребно е, најдоцна до 23.06.2026 година да достават:

  • Кратка биографија (CV)
  • Финансиска понуда (износ за 12 работни дена)
  • Листа на 2 слични или поврзани ангажмани

 

  1. Критериуми за евалуација
  • Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
  • Искуство – 70 бодови
  • Финансиска понда – 30 бодови

Вкупно 100 бодовиДокументацијата се доставува електронски на следната емаил адреса: ckp.skopje@gmail.com и копија до Филип Стојановски, filip.stojanovski@ckp.org.mk, со назнака: Energy Tracker, Јавен оглас за технички експерт.

 

  1. Дополнителни информации

За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со проектниот менаџер Филип Стојановски, преку следната емаил адреса: filip.stojanovski@ckp.org.mk