Јавен оглас за ангажирање
Правен експерт за енергетска регулатива и изработка на подзаконски акт
Основни информации
Проектот „Powering the Transition: Public sector energy data integration for climate and energy planning“ има за цел дигитализација и интеграција на податоците за енергетска потрошувачка во јавниот сектор во Северна Македонија. Главниот фокус е воспоставување на правна и техничка рамка за системот „Energy Tracker“, која ќе овозможи изработка на информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор.
За таа цел, Центар за климатски промени отвора јавен повик за избор на правен експерт за изменување на постоечкиот подзаконски акт за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор.
Цел на ангажманот
Целта на овој ангажман е да обезбеди стручна правна поддршка во процесот на воспоставување на институционална и правна рамка за информацискиот систем. Правниот експерт ќе биде одговорен за анализа на постојното законодавство и изработка на нов правилник/изменување на постоечкиот подзаконски акт за информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија кај лицата од јавниот сектор.
Опис на задачите
Правниот експерт ќе ги извршува следните специфични задачи:
- Преглед и анализа на националната правната рамка: Детален преглед на Законот за енергетска ефикасност, со цел идентификација на бариери за директно споделување податоци меѓу приватните снабдувачи и Министерството, кои се однесуваат за потрошувачка на енергија (електрична енергија, топлинска енергија, вода, енергија од обновливи извори на енергија и слично) и одредби поврзани со потребни податоци за потрошувачка на енергија од јавните згради во Македонија.
- Анализа на ЕУ Директиви: Преглед и анализа на Директивата за енергетска ефикасност 2018/2002 и Директивата за енергетска ефикасност 2023/1791, како и преглед и анализа на Директивата за енергетски карактеристики на згради (2024/1275), во однос на барањата кои се однесуваат на собирање на податоци за потрошувачка на енергија и може да бидат дел од информацискиот систем.
- Изработка на Правилник: Подготовка на нацрт-верзија на Правилник за воспоставување информациски систем за следење и управување со потрошувачката на енергија во јавните згради, кој ќе ги дефинира:
- Обврските за внесување и автоматска размена на податоци
- Техничките стандарди за API интеграција (од правен аспект), односно барањата кои се однесуваат на собирање на податоци за потрошувачка на енергија и може да бидат дел од информацискиот систем.
- Одговорностите на различните чинители (Министерство, општини, енергетски компании)
- Содржината и формата на информацискиот систем (потребните податоци за зградите (градежни единици), податоци за потрошувачка на енергија и трошоци за потрошена енергија, податоци за јавно осветлување)
- Начинот на воспоставување и водење и одржување на информацискиот систем
- Прибирање и верификација на климатолошки податоци
- Постапка за прибирање и верификација на податоците од енергетскиот администратор
- Утврдување на корисници на информацискиот систем, улога и овластувања
- Користење и објавување, пристап до информации од информациски систем
- Начин на креирање извештаи и содржина на извештаите од информацискиот систем
- Соработка со технички експерт: За потребите на изработката на овој правилник, Центарот за климатски промени ќе ангажира технички експерт кој ќе треба да соработува со правниот експерт околу техничките аспекти и техничките параметри кои треба да се прибираат со информацискиот систем
- Поддршка на Работната група: Учество на состаноци со интерната работна група формирана во рамките на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и инкорпорирање на нивните забелешки во финалниот документ.
Временска рамка и обем на работа
- Вкупно денови: 14 работни дена.
- Период на реализација: 01 јули 2026 – 15 септември 2026 година.
Очекувани резултати
- Извештај од правна анализа: Документ со идентификувани пречки и препораки за усогласување европските регулативи (најдоцна до 01.08.2026).
- Нацрт-Правилник за Информациски систем: Целосен текст на подзаконскиот акт подготвен за процедура за усвојување (најдоцна до 20.08.2026).
Потребни квалификации
- Образование во областа на правни науки, додипломски и/или последипломски студии
- Најмалку 7 години искуство во правни работи, со фокус на енергетика, животна средина или јавна администрација.
- Специфични вештини:
- Докажано искуство во изработка на закони или подзаконски акти во Македонија.
- Искуство во изработка на закони и подзаконски акти од областа на ЕЕ
- Одлични аналитички и комуникациски вештини.
Известување
Експертот ќе известува директно до Проектниот менаџер и ќе соработува со останатите сениор експерти (ИТ и ЕЕ) ангажирани на проектот.
Начин на плаќање: Исплатата ќе се врши по успешно прифаќање на предвидените резултати.
Потребна документација
Сите заинтересирани кандидати потребно е, најдоцна до 23.06.2026 година да достават:
- Кратка биографија (CV)
- Финансиска понуда (износ за 14 работни дена)
- Листа на 2 слични или поврзани ангажмани
Документацијата се доставува електронски на следната емаил адреса: ckp.skopje@gmail.com и копија до Филип Стојановски filip.stojanovski@ckp.org.mk, со назнака: Energy Tracker, Јавен оглас за правен експерт.
Критериуми за евалуација
Канидатите ќе бидат оценувани по следните критериуми:
- Искуство – 70 бодови
- Финансиска понда – 30 бодови
- Вкупно 100 бодови
Дополнителни информации
За сите дополнителни информации, Ве молиме контактирајте со проектниот менаџер Филип Стојановски, преку следната емаил адреса: filip.stojanovski@ckp.org.mk
