ЦКП отпочнува со спроведување на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта во Република Северна Македонија“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

На денот на животната средина Центар за климатски промени го потпиша договорот за спроведување на проектот „Зголемување на свеста за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта во Република Северна  Македонија“. Проектот е финансиран од Австралиска Амбасада во Белград во рамките на програмата за  директна помош ДАП.

Целта на проектот е да се зголеми свеста на јавноста, учениците и наставниците за внатрешното загадување на воздухот во основните училишта и последиците по здравјето на децата од одредена изложеност на загадениот воздух.

Во рамките на проектот ќе се спроведе пилот истражување за внатрешно загадување на воздухот во 10 основни училишта од општина Карпош. Дополнително, во училиштата ќе бидат организирани едукативни предавања, на кој ќе имаат можност да се стекнат со информации поврзани со загадувачките супстанци на воздухот и негативните здравствени ефекти од загадување на воздухот, вклучително и препораки за тоа како да се заштитат себеси и какви мерки може да се преземат за да се намали загадувањето на воздухот.

Времетраење на проектот е 11 месеци, од јуни 2020 година од мај 2021 година.