Во рамките на проектот „Зголемено вклучување на граѓанското општество во процесот на донесување одлуки од областа на животна средина“, Центар за климатски промени организира дводневна обука наменета за Граѓанските организации. Обуката ќе се одржи во хотел Гардениа во Велес на 29 и 30 ноември 2016 со почеток од 11 часот.
На обуката предвидено е да присуствуваат дваесетина Граѓански организации од цела Македонија кои што работат во областа за заштита на животната средина како и нејзино одржливо управување. Обуката ќе ја спроведат експерти со долгогодишно работно искуство во Граѓанскиот сектор и заштита на животна средина.
Главната цел на обуката е:
- – Запознавање на Граѓанските организации со одредбите од националното законодавство за процесот на вклучување на јавноста во донесување одлуки;
- – Презентирање на улогата на Граѓанските организации во процесот на донесување одлуки
- – Презентирање на алатки и начини за подигнување на јавната свест за учество во донесување на одлуки;
- – Презентирање на активности на Граѓанските организации и позитивни искуства за подигнување јавна свест во Македонија;
- – Подготовка за застапување и начини на вклучување на јавноста.
За повеќе информации околу обуката за граѓанските организации, контактирајте не преку нашата електронска адреса: centarzaklimatskipomeni@yahoo.com
Проектот е поддржан преку акциски грант на Цивика Мобилитас.