На 29 јануари 2015 година (четврток) Центар за климатски промени организира семинар во рамките на проектот „Подобрување на енергетскиот менаџмент во македонската индустрија“, финансиран од Норвешката Амбасада во Белград.
Целта на семинарот е да ги презентира резултатите од проектот и расположливите финансиски инструменти за поддршка на проекти за енергетска ефикасност во малите и средни претпријатија.
Семинарот ќе се одржи во конференциската сала на Ресторан Воденица, ул. Теодосиј Гологанов бр. 69, со почеток во 10ч.
Преку остварените резултати од проектот, а воедно и примери и препораки за заштеда на енергија во малите и средни претпријатија, компаниите ќе имаат можност да се информираат за начинот на намалување на трошоците за производство како и користа од имплементацијата на мерки за заштеда на енергија. Со цел овозможување полесна имплементација на мерките за заштеда на енергија, вториот дел од семинарот ќе биде посветен на институциите кои обезбедуваат финансиски инструменти за финансирање на проекти за енергетска ефикасност. Во таа насока свои презентации ќе одржат:
– г-ѓа Ива Ковачевиќ , Европска Банка за Обнова и Развој
– г-дин Александар Станојковски, Македонска банка за поддршка на развојот
– г-дин, Ловре Ристевски, WEBSEFF 2, кредитна линија за енергетска ефиканост на ЕБОР
За подобра организација на настанот, Ве молиме Вашето присуство да го најавите најдоцна до 26 јануари 2015 година (понеделник) на следната е-маил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com. или телефонски 078/344 905
Овде можете да ги симнете Aгендата и Поканата за семинарот:
Агенда за семинарот [Превземи]
Официјална покана [Превземи]