Центар за климатски промени – Гевгелија организира тркалезна маса и бизнис средби на мали и средни претпријатија од Македонија и Бугарија

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центарот за климатски промени во рамките на својот проект „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ реф. Бр. 2007CB16IPO007 – 2012- 3 – 026, финансиран преку ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, организира тркалезна маса за управување со отпад во прекураничниот регион, што ќе се оддржи на 16-17 Октомври 2015 (петок – сабота), во Хотел Есперанто Струмица, со почеток во 15 часот.

Целта на настанот е да ги донесе на едно место малите и средни претпријатиа од двата региона кои што работат во различни индустриски сектори, но се соочуваат со слични проблеми поврзани со управувањето со отпадот. Настанот ќе претставува одлична можност за компаниите од Југоисточниот регион на Македонија и областа Благоевград, Бугарија да се сретнат и да разговараат за проблемите со кои се соочуваат, потенцијалите и бариерите за подобрување на практиките за управување со отпад и ресурси, но исто така и да ја зголеми можноста за нивна меѓусебна соработка и конкурентност. Околу 20 компании од најразлични индустриски сектори од Регионот Благоевград од Бугарија, ќе присуствуваат на тркалезната маса со цел остварување соработка со некоја од фирмите од Македонија.

Доколку сте заинтересирани да ја претставите Вашата компанија, Ве молиме испратете кратко портфолио за компанијата заедно со пополнета регистрациона форма (само за оние компании кои имаат интерес да ја презентираат компанијата), најдоцна до 14.10.2015 на следната е-пошта: ckp.gevgelija@gmail.com.

Напоменуваме дека за компаниите кои не се од Струмица проектот ги покрива трошоците за сместување во Хотел Есперанто.

Оние компании кои што ќе бидат одбрани да учествуваат и/или презентираат својата компанија ќе бидат информирани официјално не подоцна од 15 Октомври 2015. За сите дополнителни информации Ве молиме контактирајте не на е-маил адреса ckp.gevgelija@gmail.com или телефонски 02/5208 330 и 078/344 905.

 

Овде можете да ги симнете Поканата и Агендата за семинарот, како и Формуларот за Апликација:

1. Покана [Превземи]

2. Агенда [Превземи]

3. Формулар за апликација [Превземи]