Центарот за климатски промени од Гевгелија со едукација како младите да управуваат со отпадот

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центарот за климатски промени од Гевгелија заедно со Сојузот на производители на еколошка енергија од Бугарија го имплементираат проектот ” Прекугранично партнерство за заштита на животната средина и подобар квалитет на животот”.

Станува збор за проект кој има за цел зголeмување на свеста кај најмладите за заштитата на животната средина преку промовирање на активности поврзани со управување на отпадот негово намалување, селекција и рециклирање, за што во Струмица имаа форум наменет за преставници на општините и основните училишта.

Со проектот се опфатени сите основни училишта од југоистокот каде ќе се дистрибуираат сетови од по 4 корпи за отпадоци за селекција а за просветните работници ќе се додели прирачник за управување со отпадот. Како што истакна Филип Стојановски проектен координатор целта е да се опфати најмладата популација да се едуцира како да се намали, селектира и рециклира отпадот.

Од Центарот за климатски промени од Гевгелија апелираа еколошкото образование да стане задолжително во основните училишта за што се планираат и повеке еко кампови, што би иницирало зголемен интерес меѓу младите за прашања кои се поврзани со намалувањето на отпадот, селекција, рециклирање и превенција но и дирекнто да се вклучат во кампањи за заштита на животната средина.

Извор: ТВ канал ВИС