Центарот за климатски промени – Гевгелија организира семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Центарот за климатски промени – Гевгелија, на ден 09.07.2015 година организира семинар на тема “Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средни претпријатија за добро управување со отпадот“, кој ќе се оддржи во просториите на Хотел Сириус во Струмица со почеток во 10ч.

Целта на семинарот е да презентира информации за придобивките од добро управување со отпадот во малите и средни претпријатија, како и законодавството за управување со отпад , при што ќе се фокусира на обврските кои произлегуваат од законодавството и како полесно компаниите да се усогласат со законските обврски кои произлегуваат од ова законодавство.

Семинарот се организира во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“, Реф.бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, а се имплементира од Центар за климатски промени – Гевгелија и Сојузот на производители на еколошка енергија – БГ, со финансиска поддршка на ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија, 2007CB16IPO007.

Главната цел на проектот е да обезбеди техничка помош на малите и средни претпријатија за подобро искористување на енергенсите и воведување на добри практики за управување со отпадот кои ќе овозможат подобра конкурентост и зголемување на извозната ориентираност кај компаниите како и намалување на негативните ефекти врз животната средина.

За повеќе информации контактирајте не преку нашата е-адреса:ckp.gevgelija@gmail.com

Овде можете да ги симнете Поканата и Агендата за семинарот:

Покана [Превземи]

Агенда  [Превземи]