На ден 13.05.2016 година ученици од III-те одделенија од ООУ Кирил Пејчиновиќ од Општина Кисела вода, го создадоа својот ЕКО тим за рециклирање на Е – Отпад. Работилницата се одржа како дел од проектот „Е – отпад создава можности“ кој е финансиран од страна на Американската амбасада во Скопје. Проектот е имплементиран од страна на Центар за климатски промени, а подржан од Елколект ДОО Скопје кој функционира како колективен постапувач за отпадна електрична и електронска опрема и отпадни батерии и акумулатори.
Учениците изразија голем интерес во почетокот на работилницата каде преку дискусија ги запознавме со општите термини за тоа што е загадување на животната средина, како да ја заштитиме нашата животната средина, како правилно да постапуваме со отпадот со акцент на отпадот од електрична и електронска опрема.
Беа формирани 4 еко тимови за рециклирање е – отпад. Секој од тимовите со состоеше од неколку членови кои ги боеа главните ликови од еко тимот и тоа: Фрижидерко, Пегличка, Сијаличка, Телевизорко и Капетан Рециклирко. Откако учениците завршија со боењето, секој тим си направи свој плакат со кој си ја презентираше својата работа, кои се штетните влијанија од неправилното управување со електрична и електронска опрема и што се треба да се направи за да се намалат влијанијата, а со тоа и да се заштити животната средина. Плакатите кои ги изработија еко тимовите ќе бидат поставени на видно место во училиштето, за да можат и другите ученици од ООУ Кирил Пејчиновиќ да бидат запознаени со штетните влијанија од отпадната електрична и електронска опрема.
Галерија: Презентација во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ – Општина Кисела вода, Скопје