Учениците од ООУ „Александар Македонски„ истражуваа и учеа за е-отпадот на англиски јазик

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Учениците од VII-2 одделение успешно ја завршија креативната работилница „Истражуваме и учиме за Е-отпадот“. Работилницата се одржа во рамките на еден училишен час, каде сите ученици активно учествуваа во истражувањето на тоа што е Е-отпад, кои се негативните влијанија на е-отпадот врз здравјето на луѓето и животната средина, како треба правилно да постапуваме со е-отпадот, зошто е потребно да рециклираме е-отпад и други теми поврзани со правилното постапување со е-отпадот.

По спроведеното истражување добивме вкупно 9 презентации на англиски јазик, од кои неколку беа презентирани за време на работилницата.

Галерија: Работилници во ООУ „Александар Македонски“ – Скопје

« 4 на 23 »