Студиско патување во Норвешка

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Во рамките на проектот Зајакнување на капацитетите на МЖСПП за интегрирано спречување и контрола на загадувањето и управување со опасен отпад беше организирано студиско патување во Норвешка.

Целта на патувањето беше запознавање со норвешкиот систем за постапување со отпадна електрична и електронска опрема.

Во рамките на студиското патување беше организирана средба со претставници од Норвешката Агенција за животна средина со цел запознавање на претставниците од МЖСПП со норвешкото законодавство кое ја регулира областа на отпадна електрична и електронска опрема.

Воедно беше извршена посета на компанија за рециклирање на компјутери, компанија за третман на големи домашни апарати и неколку собирни места за отпадна електрична и електронска опрема организирани од страна на општината и од страна на колективен постапувач.