Студентски конкурс за бизнис идеи „Ден на старт ап бизниси“

објавено во АКТИВНОСТИ | 0

Студентски конкурс за бизнис идеи „Ден на старт ап бизниси“

 

  1. Општи информации

Центар за климатски промени и Факултетот за туризам и бизнис логистика во Гевгелија, распишуваат конкурс за студенти за доставување на бизнис идеи кои ќе го унапредат претприемништвото и ќе допринесат да се намали невработеноста во областите море, земјоделие, животна средина и информациски технологии.

Целта на конкурсот е да унапреди претприемништвото и да се намали невработеноста преку стимулирање на претприемничките способности кај младите.

 

Конкурсот се организира во рамките на проектот „Зголемување на иновативниот бизнис во море, животна средина, земјоделие и ИТ во преку граничниот регион“ финансиран од ЕУ преку програмата за прекугранична соработка Македонија – Грција.

 

  1. Програма и критериуми на конкурсот

2.1  Учество на конкурсот

Право на учество имаат студентите на додипломски студии од Факултет за туризам и бизнис логистика од Гевгелија, и кои слушаат прва, втора, трета, четврта година и апсолвенти. На конкурсот бизнис идеите можат да бидат аплицирани индивидуално или во тим (максимум тројца во тим). Сите пријавени бизнис идеи ќе учествуваат на настанот „ Ден на старт ап бизниси“ и заедно со организаторите ќе работат на доразвивање на идеите и подготовка на бизнис планови. Најдобрите 3 идеи ќе добијат неколку месечна понатамошна менторска подршка со цел целосно развивање и отпочнување бизнис. Критериумите за оценување се дадени во точка 2.6 од овој конкурс.

 

2.2 Времетраење на конкурсот

Конкурсот се отвара на 5 октомври и трае до 20 октомври 2019 година.

 

За сите прашања поврзани со конкурсот Ве молиме контактирајте не на следната е-маил адреса:  centarzaklimatskipromeni@yahoo.com најдоцна до 18 октомври 2019 година.

 

2.3 Апликација на иновативна идеја

Секој заинтересиран студент кој го исполнува правото на учество треба да подготви концепт за бизнис идеја (Апликација) која ги содржи следните параметри:

 

  • Податоци за контакт
  • Предмет на бизнис идејата
  • Краток вовед на бизнис идејата
  • Анализа на потребите
  • Опис на бизнис идејата
  • Тим
  • Стратегија за дисеминација

 

 2.4 Доставување на апликација

– Пополнетата апликација се доставува во дигитална верзија (PDF), најдоцна до 20 октомври на следната емаил адреса: centarzaklimatskipromeni@yahoo.com и contact@ckp.org.mk

 

2.5 Разгледување на апликациите

Доставените идеи ќе бидат разгледани и оценети од страна на стручна комисија во состав:

– Претставници на организаторите на конкурсот;

– Експерти во областа на комуникации и претприемништво.

 

2.6 Критериум за оценување

Пристигнатите конкурсни решенија ќе бидат оценувани од страна на жири комисијата согласно следните критериуми:

 

Креативност и оригиналност на идејата 20 поени
Познавање на тематиката/ согласно со темата на натпреварот 15 поени
Разбирлива содржина на предложената бизнис идеја 25 поени
Потенцијал за реализација 25 поени
Можности за одржливост во реализација на бизнис идејата 15 поени
Вкупно 100 поени

 

2.7  Дисквалификација

Од понатамошната постапка на оценување ќе бидат исклучени сите конкурсни идеи за кои комисијата ќе утврди дека апликацијата е пристигната по крајниот рок за доставување на дигиталната верзија на документот.

 

 

2.8 Награди

 

За трите најдобри и иновативни идеи ќе следува награда која ќе се однесува на обезбедување на менторство и консултации околу отпочнувањето бизнис со времетраење од еден, два и три месеци.

 

 

2.9 Резултати од конкурсот

 

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени по одржувањето на настанот „Ден на старт ап бизниси“. Настанот се очекува да биде организиран на крајот на месец октомври 2019 година.