Во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ финансиран преку третиот повик за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, Центар за климатски промени – Гевгелија како резултат на претходно спроведените истражувања ја спроведува активноста за подготвка на „Студија за проценка на бизнис можностите во прекуграничниот регион, со посебен фокус на управувањето со отпад и енергетска ефикасност во Југоисточниот плански регион на Република Македонија и Областа Благоевград од Бугарија“.
Студијата претставува сублимирање на резултатите добиени од истражувањето спроведено во МСП претпријатија од областа Благоевград, Бугарија како и Југоисточниот регион на Македонија.
Студијата ќе треба да ја отсликува моменталната состојба со енергетска ефикасност и управување со отпад на МСП, нивната усогласеност со соодветното законодавство, можностите за меѓусебна прекугранична соработка како и презентирање на слабите и силнит страни, можностите и заканите за развој на двата региона.