Центар за климатски промени – Гевгелија во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“ финансиран преку третиот повик за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, ги известува сите заинтересирани мали и средни претпријатија кои се занимаваат со дрвопреработувачка, прехрамбена – вклуќувајќи и винарии, металопреработувачка, текстилна индустрија, дека во наредните два месеца ќе се спроведат два семинара на тема:
- 1. Енергетска ефикасност за МСП
- 2. Управување со отпад за МСП
Учеството на семинарот ќе биде бесплатно и ќе биде спроведено од искусни експерти од соодветната област.
Повеќе информации за местото и времето на одржување на семинарите ќе биде објавени дополнително.