Работилници во Општина Центар, Прилеп и Демир Капија

објавено во АКТИВНОСТИ | 0
Со одлична интеракција меѓу експертите и учесниците во општините Центар, Прилеп и Демир Капија успешно ги спроведовме работилниците за „Спроведување на активностите и ажурирање на Локалните планови за енергија и клима“.
👥На работилниците, кои се одржуваат во рамки на проектот за „Зголемување на отпорноста кон климатските промени на локално ниво“, што се имплементира во рамки на проектот на Еко-свест – „ГОи во акција за климатските промени“, се разменија мислења, ставови и проблеми, поврзани со климатските промени и климатските временски прилики, но исто така беа предложени и мерки за заштита.
🎯 Целта е остварена – утврдени се содржините на локалните планови за енергија и клима, како и приоритетните мерки за ублажување и адаптација кон климатските промени во секторите води, шумарство и инфраструктура.
📍Само со точно мапирани предизвици и приоритети добиваме насоки за конкретна акција!
🤝Со заедничко дејствување против влијанието од климатските промени кон подобра иднина за сите!