By Published On: 13 април 2016Categories: АКТИВНОСТИ

Во рамките на проектот Е-отпад создава можности се оддржа уште една едукативна презентација за учениците од 8 одделение од основното училиште Св. Климент Охридски од Охрид.

Учениците имаа можност за научат повеќе за видовите на Е-опрема и Е-отпад, влијанието на Е-отпадот врз луѓето и природата доколку со него не се постапува соодветно, можности за негово намалување и препораки за правилно постапување.

Исто така за учениците беше организиран квиз на знаење за Е-отпадво во кој сите ученици земаа активно учество и го потврдија своето знаење за Е-отпадот.

Галерија: Работилници во ООУ “Св.Климент Охридски” – Охрид